речник контакт

Не` очекува просечно студена зима

Температурата ќе биде во границите на просекот, што не значи дека нема да има студени денови во текот на зимата

Петар Печков

На Балканот, најголемиот центар за климатски промени (SEEVCCC) е под надлежност на Српскиот Хидрометеоролошки Завод и истиот се наметнува во научните кругови со сезонските прогнози. Во Европски рамки, најчесто сезонската прогноза ја издава ECMWF - Европскиот центар за среднорочна прогноза. Годинава и двата центри се согласуваат во поглед на прогнозата за зимава. А таа вели дека зимата ни од далеку нема да биде до епитетот "најстудена во 100 години".

Напротив, доколку се земе во обзир стандардниот климатолошки просек 1961-1990, зимата која е пред нас ќе биде во најмала рака „поблага„ и генерално над просекот во поглед на температурата, и околу просек во поглед на врнежите.

Прогнозираната температурна аномалија за јануари 2015 вели дека во нашата земја средната месечна температура ќе биде за околу 3°С над вредноста на повеќегодишниот просек за средна јануарска температура.

Што се однесува до врнежите во јануари 2015 се очекува во источната половина од земјава да биде малку поврнежливо, односно да наврнат некаде помеѓу 100 % и 125% од повеќегодишниот просек, 1961-1990 година, додека во западната половина би било малку посуво во однос на повеќегодишниот просек. (Пример: доколку повеќегодишниот просек за одреден месец е 50 литри на метер квадратен, ако аномалијата на врнежи е 80%, тоа значи дека наврнале 80% од просекот, односно 40 литри на метар квадратен

Февруари исто така дава знаци на натпросечна средна температура, но само за околу 1°С над медијаната. Тоа значи дека февруари ќе биде просечен во однос на повеќегодишниот просек! Повторно ништо од најавата за 100 годишна зима!

Прогнозираната аномалија на врнежи повторно вели дека источниот дел од земјава очекува натпросечно врнежлив февруари, додека западниот крај ќе има дефицит на врнежи од околу 20% во однос на повеќегодишниот просек!

Во последниот месец од календарската зима, март, температурата ќе биде во границите на повеќегодишниот просек, Според прогнозираната аномалија на врнежите, се очекува март да биде поврнежлив во однос на просекот, и тоа во поголем дел од земјата.

текстот е преземен од    meteopro.mk

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »